ВИДЕО: Зелена мачка шета низ Варна

Мистериозна зелена мачка во Бугарија веќе неколку дена го привлекува вниманието на светските медиуми. Никому не му е јасно од што таа има ваква необична боја. Жителите на Варна најпрво мислеле дека мачката била брутално малтретирана, но се покажало дека тоа не е вистина. Дури и се направила група на Фејсбук за да се дознае вистината.

А таа е дека мачката позеленела бидејќи неколку дена спиела на синтетичка зелена боја во една напуштена гаража.