ВИДЕО: Земјоделците од Могила задоволни од стопроцентното обесштетување

Земјоделците кои чии имоти беа погодени од невремето и разорните поплави, како што претходно  беше ветено, добија стоотстотно обесштетување. Тие изразуваат задоволство од обесштетувањето што деновиве им беше исплатено.

Во јануари и февруари годинава делови од Македонија беа погодени од поплави, какви што не се забележани во последниве 40 години. Два пати во еден век има такви разорни поплави во нашата држава. Но, Владата им излезе во пресрет на граѓаните кои претрпеа штети, како по своите посеви така и по своите домаќинства и 100 отстотно ги обештети.

-Могилчани се изненадени од брзата реакција на Владата што веднаш почна исплатата да се обесштетат нашите земјоделци. Во петок попладне ги добија првите средства, мислам дека до крајот на неделата сите земјоделци кои беа оштетени ќе бидат обесштетени, а тоа е една добра можност земјоделците во општина Могила да продолжат со следните активности во земјоделието, бидејќи во земјоделството нема крај, секогаш се вложува, секогаш се потребни средства, но овој пат се на вистинско место и во вистинско време стигнати овие средства за нашите земјоделци во Могила. Околу 451 барање имаше во онаа прва проценка, бидејќи Могила неколку пати беше на удар од поплавите. Ние дадовме можност на сите оние кои дополнително беа оштетени. Во втората проценка имаме околу 350 апликанти, за кои во овие денови ќе ја завршиме проценката и ќе биде испратена до второстепена комисија. Првично исплатени се околу 120 земјоделци, но исплатата продолжува и понатаму. Верувам дека до крајот на месецот ќе се заврши целосно исплатата во општина Могила, истакна градоначалникот на општина Могила Стево Пивковски.

mogilaaaa500

Земјоделците упатија благодарност до Владата за брзата реакција за 100 отстотната исплата.

-Бев изненаден, случајно во банката земав некој извештај и видов префрлени пари. Парите секогаш ни требаат за сите работи во земјоделството- нафти, вештачки ѓубрива… Тие пари ни беа добредојдени и голема благодарност упатувам до Владата. Инаку, имав 10 хекрати пченица, која беше погодена од поплавата, истакна земјоделецот Ѕвонко Трајчевски од село Ношпал.

-Изненаден сум од Владата и тоа добро изненаден поради обесштетувањето на поплавите што беа. Имавме околу 10 хектари државно земјиште земено под концесија, а пари имам епрефрлено околу 175 илјади. Задоволни сме премногу, рече сопственик на земјоделска фирма Благојче Трпковски од село Лоздани.

zad500Untitled-1

-Благодарејќи на брзото и ефикасно работење на општина могила и Владата, овие денови ги добивме средствата за оштетите. Имавме околу 5 хектари и исплатени ни се 78 илјади денари. Парите што ги добивме ќе ги примениме за прихрана на почвата за да добиеме подобар род, подвлече Гулевска Магдалена, индивидуален земјоделец.

mogila25000Untitled-3

-Вчера бевме изненадени. Имавме префрлено пари за оштетата од поплавите. Задоволни сме од исплатата… Задоволни сме, не се надевавме дека толку рано ќе ги добиеме средствата. Ќе ги користиме за други површини што ги обработуваме сега, велат останатите земјоделци.

Надлежните апелираат до граѓаните да се осигура имотот, како единствен сигурен начин за превенција. Вообичаено, Владата помага со плаќање на не повеќе од 10 до 15 отсто од штетите. Токму затоа, во иднина е потребно осигурување на посевите.