ВИДЕО: Земјотресите во Чиле исфрлија мумии на површината!

Земјотресите во Чиле биле со толкава јачина што дури и некои од мумиите билеисфрлени од своите гробови.

Мумиите се од пред 5000 години п.н.е и биле закопани во пустината Атакама. Тие биле оштетени за време на земјотресот со јачина од 8,2 според Рихтер.

Од единицата за културно наследство соопштиле дека некои од мумиите се тешко оштетени, но нивниот број се’ уште не е познат.