Свет

ВИДЕО: Жената бомбаш од Париз жива и здрава, даде интервју во Мароко

ВИДЕО: Жената бомбаш од Париз жива и здрава, даде интервју во Мароко

Жената бомбаш од Париз е жива и здрава и даде интервју во Мароко. Светските медиуми вклучувајќи  ги и медиумите од регионот ја пренесоа веста за Мароканката Хасна Аитбулачен (26) жената самоубиец која го активираше експлозивот за време на полициската рација во париското предградие Сен Дени минатата недела.

Меѓутоа се случи неочекуван пресврт. Имено Ал Џезира Плус ја пронајде Набила во Мароко.

nabila2-500

Немам врска со тероризмот, изјавила Набила и додала дека нејзините фотографии му биле продадени на новинарот кој ги објавил.

Набила вели дека фотографиите биле снимени за време на нејзиниот престој во Франција.

Роднините кои долго не сум ги видела мислеа дека сум загинала, раскажува Мароканката која сега се обидува да ја поправи сликата која за неа владее во светот.

Вели дека новинарот не го проверил потеклото на фотографиите туку само објавил тоа што го добил.

Innocent Woman Mistaken For Suicide BomberThis woman was falsely portrayed as a suicide bomber by media outlets, including AJ+. We found her in Morocco.

Posted by AJ+ on Monday, November 23, 2015