ВИДЕО: Жално: „Имам тумор, ме боли срцето, а не знам дали ми се живи децата“

По катастрофалните поплави кои ја зафатија Србија, голем број луѓе останаа без своите домови, а за да биде уште полоша ситуацијата, често се случува евакуирани луѓе да бидат одвоени од останатите членови на семејствто и да не можат да стапат во контакт со нив.

Својата животна приказна ја раскажа Марица Стипиќ која моментално е сместена во просторот на спортскиот центар Хала Пионир. По евакуацијата, Марица открила дека и пред поплавите во Обреновац имала тежок ивот.

Очајната жена отворено бара помош бидејќи како што вели, нема од што да живее, нема кров над главата и не може да дојде до своите деца кои се сместени во разни прифатилишта во Белград и за кои се прашува дали се живи.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.