ВИДЕО: Жената во Софија се самозапалила поради неверениот сопруг!?

Триесет и осум годишната фотографка Лидија Петрова која вчера се самозапали пред Претседателската палата во Бугарија наводно се одлучила на ваков чекор поради неверствата не неговиот сопруг, пренесува Блиц.бг.

Најзини блиски пријатели за сајтот, раскажале дека таа имала пробелми со сопругот кој веќе извесно време ја изневерувал и се обидувал да го одземе нивното 11-годишно дете.

Нејзниот сопруг Красимир работел во Американската амбасада во Бугарија и како што велат нивните познаници тој имал врски во сите институции, па според нив Лидија најверојатно се одлучила на такво нешто да покаже незадоволство, а ја одбрала токму Претседателската палата бидејќи тоа е местото каде секојдневно присуствуваат голем број на медиуми.

Најзините колеги и пријатели велат дека Лидија била многу стабилна, борбена и решителна личност и по секоја цена сакала да докаже дека може сама да се грижи за детето, далеку од нејзиниот неверен сопруг, па неможат да разберат зошто се решила на ваков чекор.

Бугарските медиуми споменуваат повеќе причини за ваквиот чин  од тоа дека станува збор за политички протест, па се до информации декаЛидија  на тоа била натерана ос страна на опасна секта, но засега нема официјални информации.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.