ВИДЕО: Живее како растение поради желбата за поголеми гради

Желбата за поголеми гради, но за пониска цена врзаа млада американка  за болничкиот кревет.

Животот на 19-годишната Линда Перез од Мајами, мајка на четиригодишно момче, се претворил во вистински кошмар откако таа решила  да си ги зголеми градите со силикони.

Овој август таа отишла на операција во „Корале Габлс“ естетски центар во Мајами, каде при операцијата за зголемување на градите и запрело срцето. Таа платила 2.800 долари за зголемување на градите, што според експертите е многу ниска цена за квалитетна операција.

Сепак, лекарите велат дека не е до вградувањето на имплантите, туку дека компликациите настанале кога и била ставена анестезијата. Анестезиолог е осуден и казнет.

Веднаш по компликацијата таа биле пренесена  во болницата „Мрси“, а нејзините родители велат дека според лекарите при хоспитализацијата таа практично била мртва. Сепак, таа преживеала, но паднала во кома. По два месеци врзана за креветот, таа во ноември е пуштена на домашна нега, но нејзините родители стравуваа дека таа никогаш нема да оздрави.

Нејзината мајка појаснила дека таа не може сама да оди. Мораат да ја хранат, бањаaт и облекуваат, едноставно е немоќна и депресивна.

Според многумина, оваа несреќна девојка е доказ дека со природата не треба да се игра и дека секогаш треба да се цени природната убавина.