ВИДЕО: Животот на Мадона во една минутка

Како се менуваше поп дивата Мадона во текот на нејзината плодна кариера.

Позната и како „Кралица на Попот“, Мадона ја стекна својата слава и познатост поради нејзините иновативни музички спотови, изведби и често контроверзната употреба на сексуални и религиозни теми, како и сликовитост во нејзината работа. Таа има добиено бројни награди во нејзината кариера и има издадено многу албуми. Мадона се смета за една од најголемите музички икони во историјата, како и за секс симбол на денешницата.

Во 2000 година, Гинисовата Книга на Рекорди ја окарактеризира Мадона како најуспешната женска музичка уметничка на сите времиња, со отприлика 120 милиони продадени албуми. Варнер Брос, куќата која ги издава нејзините албуми, изјави дека во 2005 биле продадени преку 200 милиони плочи на Мадона. Во 2005, на манифестацијата Најголем Американец, американската публика ја изгласа Мадона за една од шеснаесетте најзначајни жени во американската историја.