среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 0

ВИДЕО: Ѕирнете во луксузниот дом на Џенифер Лопез

Џенифер Лопез ја стави на продажба вилата што ја купи заедно со нејзиниот поранешен сопруг Марк Ентони во 2010 година, и каде што живееше се до 2014-та година. Имотот е уреден во согласност со идеите на познатата пејачка и актерка, зрачи со топлина, во која секое семејство со деца би можело да ужива.

j-lo

Поврзани вести

Поранешниот дом на Џеј Ло е преубава оаза за одмор и опуштање во близина на Лос Анџелес,  без оглед на тоа дали имате големо семејство, или сте во потрага за приватно место за дружење со пријателите. Просторот е функционален и практичен, но, исто така, зрачи со романтични ноти кои се карактеристични за познатата пејачка и актерка.

Куќата во Хиден Хилс, Калифорнија се состои од девет спални соби, 13 бањи, импресивен дневна соба и неколку трпезарии.  Има голема кујна, која се отвора кон дневната соба и базенот, и секоја соба има и придружна просторија за седење и голема соба, која треба да биде гардаробер.

Посебно крило во куќата е посветено на забава и релаксација. Во овој контекст, постои една соба со приватна кино сала за дваесет луѓе, бар, фитнес, Студио за танц и салон за убавина. Простор околу базенот изобилува со зеленило, и е специјално дизајнирана за престој на децата на отворено, а гостите можат да ги спакуваат автомобилите во една од осумте гаражи.

За овој прекрасен имот Џенифер бара 12,5 милиони долари. Погледнете за што се работи…

Најчитани вести