Видео: Златна Буба Мара на популарноста во Универзална, последните билети на лицитација

Антиоксиданс ГМО ЗБМП Ск 2014РМ за детоксикација на нашата душа.

Организаторите на Златна Бубамара на популарноста конечно објавија дека манифестацијата и оваа година ќе се одржи во Универзалната сала, а не како што се шпекулираше во Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

„И покрај преголемиот интерес за билети за нашата најпопуларна манифестација Златна бубамара на популарноста  донесена е другарска носталгична  одлука –поради најавеното рушење на универзална сала  ,манифестацијата не сака да ја испушти можноста за последен пат да се одржи на старата локација и заедно со најпознатите личности заеднички да бидат дел од   магијата во салата каде 50 години се оддржуваа најголемите музички настани во нашата држава“, велат организаторите.

Со еден збор носталгична  причина за сеќавање на убавите емоции  и културен настан за вечно паметање на 17 издание на Златна Бубамара на популарноста.

Билетите се продаваа за 1.200 и 2.000 денари ,а последните 16 златни билети ќе бидат пуштени на лицитација во Универзална сала со почетна цена од 3.000 денари во понеделник .