Политика

ВИДЕО: Зоран Заев ги помеша Јужна Америка и Јужна Африка

ВИДЕО: Зоран Заев ги помеша Јужна Америка и Јужна Африка

Струмичкиот градоначалник и лидер на опозициската СДСМ  Зоран Заев ја продолжи низата гафови при изјави или интервју. Овојпат во интервју за 24Вести ги помеша континентите Јужна Африка и Јужна Америка. Заев наместо да ја посочи Јужна Америка како синоним за босови и мафија тој ја посочи Јужна Африка.

Мафиите и босовите не се проблеми со кои се соочуваат луѓето во Јужна Африка, тие за жал имаат други, егзистенцијални проблеми.

Во јавноста многупати досега се појавуваа гафови од Заев како на пример дека се чуствува фригидно, неговите татковци и чичковци, романот на Славко Јаневски „Село под Седумте јасени“, да ја свиткаме кичмата и уште други.