Видео: Зошто пламените јазици немаат сенка?

На училиште не учеа дека телата, кога се осветлени, оцртуваат сенка. Но, има еден исклучок – пламенот, пишува бугарскиот портал „Љубопитно“.

Сенката секогаш се појавува на некоја одредена површина (ѕид, под), кога помеѓу истата и изворот на светлина стои предмет или тело, коешто блокира дел од зраците светлина. Но, ако тоа тело самото е извор на светлина, на пример – огнот, тоа нема да оцрта сенка на површината. Кога едно тело доволно ќе се загрее, тоа испушта светлина како последица на процесот на горење. И додека таа светлина не создава сенка, самиот предмет, или тело, односно изворот којшто гори – создава сенка.

За да би можеле да ја видиме сенката на пламенот, нам ни треба извор на светлина посилен од пламенот, на пример Сонцето. Ако запалиме свеќа и ја држиме високо пред ѕид или над под осветлен од Сонцето, ќе ја видиме сенката на пламенчето.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.