Видете какво време не’ очекуваа до крајот на месецот

Уживајте додека можете во свежото време.

Денешниот очигледно ќе биде единствениот таков до крајот на овој месец, доколку се исклучат утрешниот ден и средата, кога според прогнозите не чека за некој степен посвежо време од она што сме навикнале за средината на јули.

Веќе до крајот на неделата, а особено во првиот ден од викендот, пеколот повторно се враќа. Облаците се повлекуваат и во сабота, температурите повторно ќе бидат близу четириесетката.

Услови за дестабилизација ќе има во недела, но и дождот нема да донесе некое значително освежување.