Видете вистински дијамант во Зоолошката градина во Скопје

Во едукативниот центар на Зоолошката градина во Скопје денеска ќе се одржи предавање за „Природните кристали и минерали, како еден од најскриените делови од природата, но истовремено можеби и нафасцинантниот во поврзаноста со животинскиот свет“.

Светот на минералите и кристалите изобилува со вариетите на бои, форми и нивни комбинации.

Ќе се одржат две предавања и тоа од 11:00 до 12:00 часот и од 17:00 до 18:00 часот. Присутните ќе имаат можност да видат и да допрат природен (вистински) дијамант, но и да добијат одговор како природата можела да создаде такви совршени геометриски форми, видливи и кај  кристалите на кубичен пирит, горски кристал и галенит од Пробиштип. Ако животот на човекот е околу 100 години, генезата и „животот“ на природните кристали се мери со стотици милиони години.

Метаморфните карпи, во кои е создаден минералот на Македонскиот Рубин се од прекамбриоумскиот период кој е најстариот во животот на нашата планета и завршил пред околу 600 милиони години.