Видиќ има двегодишен договор со Интер

Медиумите на Апенинскиот Полуостров се убедени дека италијанскиот калчо гигант Интер излезе како победник во трката по потписот на актуелниот капитен на најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, Немања Видиќ.

Српскиот интернационалец веќе потврди дека на крајот од актуелната сезона ќе си замине од „Олд Ттрафорд” како слободен фудбалер, а италијанските медиуми се убедени дека централниот дефанзивец веќе го има потпишано понудениот двегодишен договор од Интер и истиот му гарантира годишна плата од 3,5 милиони евра.