Видиќ ќе биде новиот дефанзивец на Барселона

Познатиот шпански весник, „Ел Мундо Депортиво”, кој важи за близок до Барселона, пред неколку часа ја пласираше информацијата дека претседателот на каталонскиот гигант, Сандро Росел, е подготвен да испрати официјална понуда до агентот на српскиот интернационалец од редовите на Манчестер Јунајтед, Немања Видиќ.

Искусниот дефанзивец веќе изјави дека нема да ја продолжи соработката со најтрофејниот клуб во Англија и дека на крајот од актуелната сезона ќе си замине од “Олд Трафорд” како слободен фудбалер.

Шпанските медиуми се убедени дека Росел на Видиќ ќе му понуди 2-годишен договор и годишна заработувачка од најмалку 3 мил. евра, а во договорот ќе има опција истиот да биде продолжен за уште една сезона во зависност од неговите игри во дресот на Барселона.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.