Видиќ со победа се прости од Олд Трафорд

Заслужениот триумф од 3:1, кој фудбалерите на Манчестер Јунајтед го забележаа во заостанатиот првенствен дуел против екипата на Хал Сити, помина во зенка на збогувањето на спскиот интернационалец Немања Видиќ кој го одигра последниот натпревар на “Олд Трафорд”.

Долгогодишниот капитен на „црвените ѓаволи“ пред почетокот на натпреварот доби овации на отворена сцена и пригоден подарок од легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и репрезентативец на Англија, а сега директор на клубот, Боби Чарлтон.

Немања Видиќ во Манчестер јунајтед пристигна во 2005 година за седум милиони фунти од московски Спартак, а како централен дефанзивец на “црвените ѓаволи”, Видиќ освои 15 трофеии.

Поранешниот репрезентативец на Србија во следните две сезони ќе го носи дресот на италијанскиот калчо гигант Интер.