Македонија

Видливоста на Попова Шапка само 20 метри

Видливоста на Попова Шапка само 20 метри

Густа магла сериозно ја намали видливоста на патот Попова Шапка – Тетово.

Според информации од Диспечерскиот центар на Јавното претпријатие „Македонијапат“ од 18 часот на патот од зимскиот центар до Тетово видливоста е само 20 метри во планинскиот дел. Во Тетово видливоста е 100 метри, како и кај селото Буково во Битолско.

Во клисурите и усеците можни се помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Гостивар – Стража, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.

Дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“ се на терен и редовно ги оддржуваат проодни сите патни правци.