Свет

Виена ги забрани слот машините

Виена ги забрани слот машините

Виенскиот покраински парламент донесе одлука за забрана на автомати за игри на среќа. Покраинскиот парламент одобри бришење на сите пасуси од законите, со кои досега се уредувале употребите на слот машините. Според таа одлука, забраната засега е формална и за неа понатаму ќе биде одговорна сојузната влада.

Оф 1 јануари 2015 година, 2.500 апарати за игри на среќа ќе станат илегални на територијата на Виена. Забраната ќе се однесува на познатите слот машини, односно апаратите кои се наоѓаат надвор од казината, поточно во салоните за игри на слеќа, бензинските пумпи и локалите.

Со оваа одлука, Виена се откажа од приходи од околу 50 милиони евра. Правно гледано, оваа одлука, за виенските власти е од чувствителна природа, бидејќи со забраната ќе се најдат затекнати и оние кои имаат повеќегодишни кон цесии за овој вид на апарати, додека пак, секој стоти од нив поседува дури и временски неограничена концесија.

Урлике Сима, советничка во градската управа задолжена за ова прашање, вели дека тужбите кои ги најавиле сопствениците на апаратите нема да бидат на терет на Виена.

Правната служба од Канцеларијата на сојузниот премиер соопштила дека сите одобренија, концесии, па дури и оние кои Виена ги издала за подол временски период, од почетокот на годината ќе бидат неважечки. Причината за оваа забрана се бројните физички напади во изминатиот период кои ги предизвикуваат зависните коцкари само за да дојдат до пари.

Исто така, голем број од грабежите во банките се директно поврзани со коцкарските долгови. Градската власт, ов аа одлука ја образложува и со фактот дека коцкањето го загрозува семејството и создава сериозни проблеми и трошоци.

Една од оние компании кои располага со важечките долгогодишни концесии на апарати на игри на среќа и Новоматик, одбиле да ја коментираат новодонесата забрана, изјавувајќи на кратко дека во моментов ги испитуваат последниците од неа.