сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 0

Виена: Конференција за состојбите на балканската бегалска рута

Владини претставници на државите од Западен Балкан денеска ќе се сретнат во Виена за да разговараат за состојбата долж балканската бегалска рута. Конференцијата се одржува на иницијатива на министрите за внатрешни и за надворешни работи на Австрија, Јохана Микл-Лајтнер и Себастијан Курц.

migranti

Поврзани вести

На конференцијата насловена Заедничко управување со миграцијата, според најавите од Виена, покрај домаќините ќе учествуваат и министри за внатрешни работи и за надворешни работи од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Косово, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора.

Цел на состанокот е усогласување на земјите-учесници во врска со миграциските предизвици, при што ќе се разговара на теми кои се однесуваат на внатрешната безбедност, како што се управувањето со границите и борба против криумчарите со луѓе и поритв екстремизмот.

Најавено е и дека на работниот ручек на учесниците на средбата ќе присусттвува и министерот за одбрана на Австрија, Ханс Петер Доскоцил, кој со претставниците на балканските земји ќе разговара за цивилно-воената соработка и управувањето со границите.

Грчката Влада синоќа соопшти дека премиерот Алексис Ципрас во телефонски разговор со неговиот холандски колега Марк Руте, чија земја претседава со ЕУ, реагирал затоа што Грција не е поканета на конференцијата во Виена.

Најчитани вести