Виена можно место на средбата меѓу Путин и Трамп

Вашингтон и Москва ја разгледуваат можноста за средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски претседател Владимир Путин, извести во петокот руската новинска агенција РИА, додека њујоршкиот The Wall Street Journal пишува дека Виена би можела да биде местото на оваа средба.

„Ја разгледуваме можноста за организирање претседателски самит и со своите американски партнери за тоа разговараме, но засега нема никаков договор“, пренесува РИА повикувајќи се на дипломатски извори.

Идентична изјава минатата седмица за новинарите во Москва даде и портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Како што пишува The Wall Street Journal, Путин во текот на посетата на Виена оваа седмица наводно го замолил австрискиот канцелар Себастијан Курц да посредува за во Виена да го организира состанок со американскиот колега Трамп.

Курц, според пишувањето на американскиот весник, му ветил на Путин дека неговите желби ќе му ги пренесе на Трамп, а се нагаѓа дека состанокот на двете велесили би можел да се одржи уште во јули.

Весникот уште пишува дека Белата куќа во моментов ги анализира понудите, и наведува, повикувајќи се на неименуван функционер на Националниот совет за безбедност на САД, дека Австријците изразле желба да бидат домаќини на средбата на челниците на Русија и САД.

Меѓутоа, австриската влада ниту не ги потврди, ниту ги дементираше вестите од САД. Засега само објавија дека не сакаат да ги коментираат информациите.