Виена најдобар град за живот, кој град е најдобар на Балканот?

Виена е најдобриот град на светот според квалитетот на животот, покажува новата листа на компанијата Мерсер.

Меѓу првите пет градви според квалитетот на животот се и Цирих, Окланд, Минхен и Ванкувер.

Во централна и источна Европа, најдобро рангиран е градот Прага – на 69. Место, а од градовите во регионот Љубљана – на 76. и Будимпешта на 77. место. Од Балканот меѓу првите 100 града кои се најдобри за живеење се најдоа и Загреб (98 место) и Атина(87). Потоа следат Белград – на 141. Место, Сараево на 158. и Скопје на 159. место. Од рангираните градови во регионот најнизок квалитет за живот има Турана, која се најде на 179. место.

И покрај неодамнешните безбедносни проблеми, социјални превирања и загриженоста за економијата, европските грасови и понатаму нудат најдобар квалитет на животот, наведува Мерсер.

Во Европа по Виена, Цирих и Минхен најдобро пласирани се Дизелдорф на шестото место, Франкфурт на седмото, Женева на осмо и Копенхаген на девтото место. Според листата најнебезбедни градови се Киев, Санкт Петербург и Москва.