Виена планира балкански кампови за протерани мигранти

Австриската влада е во преговори со земјите од Западен Балкан за воспоставување на центри зa протераните нелегални мигранти, пишува виенскиот весник „Пресе“.

Весникот тврди дека Виена веќе преговара со Белград, Тирана, Скопје и Приштина за воспоставување на „кампови за сместување на мигранти на кои Австрија ќе им даде негативен одговор на барањето за азил, а кои дошле преку Балканската рута. Тие лица, според „Пресе“, би требало привремено да бидат стационирани  во една, за мигрантите помалку атрактивна земја.

„Прес“ нагласува дека земјите од Западен Балкан за возврат бараат пари, а Виена во моментов ги разгледува правните можности.

Во протерување на мигрантите од земјите на ЕУ треба да помогне „Фронтекс“,  но би требало да се промени мандатот на оваа агенција на Европската унија. „Фронтекс“, како што посакуваат во Виена, би требало мигрантите кои во иднина ќе ги спасат на море, веднаш да ги вратат во северна Африка .

За разлика од Италија, австрискиот канцелар Себастијан Курц не сака центрите за прифат, во кои мигрантите може да аплицираат за азил, да се постават во северна Африка, бидејќи , според „Пресе“ се плажел дека на тој начин би привлекле премногу луѓе.

За сега не е јасно каква големина ќе бидат планираните кампови за протерување на Балканот.
Проектот, според „Пресе“ е поддржан од Данска и Холандија. Две недели пред преземањето на претседателството на ЕУ, австриската влада инсистира на промена на парадигмите на европската политика кон мигрантите.

Во насока на тоа Курц следи два проекти истовремено- воспоставување на кампови за протерување надвор од ЕУ заедно со Данска, како и воспоставување на „оска на согласни и волни држави“со која би ги затвориле надворешните граници на ЕУ