Виенската четворка на состанок за Сирија

Виенската четворка на состанок за Сирија. Министрите за надворешни работи на САД, Русија, Турција и Саудиска Арабија синоќа се состанаа во Виена со цел да ги разгледаат своите гледишта, пред разговорите за војната во Сирија.

Државниот секретар на САД, Џон Кери и министрите за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров, на Турција Феридун Синирлиоглу и Саудиска Арабија Адел ал Џубеир формираат група што денес ќе ги предводи разговорите помеѓу 20-тина земји, кои што, според најавите, ќе се одвиваат зад затворени врати.

Првиот состанок на виенската четворка во таков формат  беше одржан пред неколку дена на иницијатива на САД, но не беше постигнат голем напредок.