Вијали сака да командува со старата дама

Поранешниот репрезентативец на Италија, Џанлука Вијали, потврди дека со двете раце ќе ја прифати евентуалната понуда да биде именуван за нов тренер на најтрофејниот клуб во италијанската Серија А, Јувентус.

Актуелниот предводник на “старата дама”, Антонио Конте пред неколку дена изјави дека можеби сега е вистинскиот момент за промена на клупската средина.

“Ако добијам понуда, ако бидам исконтактиран од раководните лица на Јувентус, нормално дека ќе ја разгледам таа понуда и најверојатно ќе ја прифатам. Сепка, мислам дека такво нешто нема да ми се случи за време на летниот преоден рок. Во минатото имав неколку состаноци со раководните лица на Јувентус, разговараме на оваа тема, но таквата идеа никогаш не беше реализирана. Се надевам дека Конте ќе остане во Торино, немам никаква замерка на неговата работа. Јувентус мора да најде заеднички јазик со Конте, не може да најде достојна замена. Конте е искрена личност, кога ќе освоиш три титули по ред сакаш да освоиш нешто ново. Ќе мора да почекаме уште малку за да видиме дали се уште го мотивира тренерската работа во Торино”, изјави Вијали.