Викедница како НЛО

Викедница како НЛО
Викедница како НЛО

Ако досега не сте биле на Алпите во Австрија, тогаш кога ќе решите да одите направете го тоа со стил. Оваа куќа од 45 метри квадратни е слободна за изнајмување во текот на целата година и гарантира невообичаено искуство со нејзиниот дизајн и секако одличен поглед на Алпите.

Авторот на проектот, Петер Јунгман, ја нарекол оваа куќа “Ufogel”, што претставува комбинација од зборовите “UFO” (НЛО) и “Vogel”, што значи пијалак на германски. Кога ќе го погледнете неконвенционалниот дизајн причината ќе ви биде јасна.

Во почетокот куќата била замислена како семејна викендица, но нејзиниот атрактивен изглед го привлекол интересот на туристите, па сега таа се издава.

Минималистичкиот дизајн ве тера да се фокусирате на природата која ја опкружува, а онолку колку што е необична однадвор, толку е едноставна однатре.

Панорамските прозорци обезбедуваат неверојатна количина на светлина, и придонесуваат за топла атмосфера заедно со ентериерот направен од дрво.

Куќата се изнајмува во текот на целата година, а цената изнесува 200 евра од вечер.

Одморање во ваква инвентивна викендица мора да причинува задоволство, без разлика на годишното време.