Викендот 23 сообраќајки во Скопје

Во текот на изминатиот викенд на подрачјето на Град Скопје се случиле 23 сообраќајни несреќи, во кои покрај предизвикана материјална штета, со телесни повреди се здобиле 23 лица.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатите три дена отстранети се 110 возила.