Викендот 33 сообраќајки во Скопје

Изминатиов викенд на подрачјето на Скопје се случие 33 сообраќајни несреќи.

Самостојниот инспектор Драган Вељаноски од СВР – Скопје информира дека на 22.јули-петок сообраќајната полиција извршила увид на 13 сообраќајни незгоди, од кои 11 се со последица материјална штета, а во две со телесни повреди се здобиле две лица.

На 23. јули – сабота извршен е увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди.
Од нив пет се со последица материјална штета, четири со последици телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобиле пет лица.

Се случила и една незгода во која со тешки телесни повреди се здобило едно лице .

На 24. јули – недела увид е извршен на вкупно 10 сообраќајни незгоди, од кои осум се со последица материјална штета, две се со последица телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобиле четири лица.

Во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција, откриени се поголем број прекршоци. Санкционирани се 15 возачи кои со возилата се движеле со брзина поголема од дозволената, 17 возачи ги управувале своите возила под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај. Осум возачи поминале на црвено светло на семафорите,  16 возачи за време на управување на моторните возила, не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон.

Затекнати се и 12 возачи кои за време на управување на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл не го носеле заштитниот шлем.

Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 78 возила.