Викендот сончево и топло време

До понеделник времето ќе биде релативно топло, утре со мала до умерена облачност, а од недела променливо со локални и слаби врнежи дожд, особено во западните делови.

Како што соопшти УХМР, од понеделник воздушното струење ќе се промени во северно од каде ќе почне да се спушта постуден  воздух, особено во вторник и среда, кога ќе дува засилен ветер од северен правец, што ќе предизвика нагло опаѓање на дневната температура.