среда, 28 јуни 2017  |  Вести денес: 43

Викендот стабилно и суво, од вторник слаби врнежи од снег и дожд

За претстојниот викенд и почетокот на работната седмица под влијание на поле на висок воздушен притисок и стабилна воздушна маса, времето ќе биде стабилно и суво. Температурата ќе биде во благ пораст, а зголемување на облачноста ќе има од недела, соопшти УХМР.

снег

Поврзани вести

Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој повеќе ќе биде изразен на повисоките места и планините.

Минималните температури ќе се спуштат до -12, а максималните дневни ќе достигнат до 14 степени.

Од вторник попладне се очекува промена на времето со засилен северен ветер, опаѓање на температурата и услови за слаби врнежи од снег и дожд.

Најчитани вести