вторник, 28 март 2017  |  Вести денес: 44

Викендот во Скопје 33 сообраќајки – повредени 36 лица, еден загинат

policija-soobrakajki

Поврзани вести

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на СВР Скопје се случиле 33 сообраќајни незгоди, во кои се повредени 36 лица, а едно лице го загубил животот.

На 19. август – петок сообраќајната полиција извршила увид на 8 сообраќајни незгоди, од кои 5 се со последица материјална штета, 2 се со последици телесни повреди, а со полесни повреди се здобиле три лица.

Се случила и една незгода во која со тешки телесни повреди се здобило едно лице.

На 20. август – сабота, како што соопшти СВР – Скопје, извршен е увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди. Од нив 4 се со последица материјална штета, 6 се со последици телесни повреди, а со полесни повреди се здобиле 13 лица.  Се случила и една незгода во која еден пешак им подлегнал на повредите. Од СВР – Скопје појаснуваат дека сообраќајката се случила во 23 часот на ул. Ѓорче Петров во непосредна близина на крстосницата со ул. Кузман Шапкарев, во која учествувале патничко моторно возило „Цитроен Ц 4’ со гостиварски регистерски таблици управувано од граѓанин на Гостивар, а пешакот бил граѓанин на Скопје.

На 21. август-недела извршен е увид на вкупно 14 сообраќајни незгоди, од кои 5 се со последици материјална штета, 8 се со последица телесни повреди, а со полесни повреди се здобиле 13 лице. Во една сообраќајка која се случила вчера со тешки телесни повреди се се здобиле две лица, а четири лица се здобиле со тешки повреди.

Во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција, откриени се поголем број на прекршоци. Санкционирани се 4 возачи кои со возилата се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца возачи ги управувале своите возила под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај. Тројца возачи поминале на црвено светло на семафорите, пет биле без возачка дозвола, затекнати се 9 нерегистрирани возила, а 12 возачи за време на управување на моторните возила, не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон. Затекнати се и 6 возачи кои за време на управување на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл не го носеле заштитниот шлем.

Најчитани вести