Времен режим на дел од „Митрополит Теодосиј Гологанов“

За време на викендот ќе има времен режим на дел од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов”.

Градежните активности ќе се изведуваат на потегот од крстосницата со булевар „8-ми Септември“ до крстосницата со улицата „Московска“.

Сообраќајот, како што информираат од Град Скопје, ќе се одвива согласно времено поставениот режим.