Викендов 172 повици на Ало докторе!

Викендов 172 лица се јавиле на телефонската линија 15123 Ало докторе!, соопштуваат од Здравствениот дом Скопје.

Во тек на јавувањата сите граѓани добиле соодветна здравствена услуга преку здравствен совет. За време на викендот, на ниеден од пациентите не им било потребно укажување на дополнителна помош, односно препраќање кај дежурните специјалисти да ја побараат Итната медицинска помош.

Најголем број од јавувањата биле за совети во врска со крвниот притисок, респираторни симптоми и симптомна болка.

Во следните два дена, од 18 до 22 часот на Ало докторе! дежурни ќе бидар доктор Идриз Неџипи, директор на Психијатриската болница-Скопје и доктор Оливера Давчева, директор на ЈЗО Здравствена станица Железара-Скопје.