Викендов 18 сообраќајки во Скопје

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 18 сообраќајни незгоди.

Во петок, на 13 февруари, извршен е увид на вкупно пет сообраќајни незгоди. Од нив, две се со последица материјална штета и три се со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи и двајца пешаци.

Во сабота, на 14 февруари, извршен е увид на вкупно четири сообраќајни незгоди и истите се со последица материјална штета.

Во недела, на 15 февруари, извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди. Од нив, седум се со последица материјална штета и две се со телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило и двајца сопатници.

Во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 43 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај.Тројца возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, 10 возачи не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, тројца возачи не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, како и 49 возачи кои непрописно се престроиле пред крстосница, не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на овие три дена од страна на сообраќајната полиција отстранети се 85 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни работилници во ОУ „Петар Здравковски Пенко“ кое се наоѓа на територијата на општина Бутел со учениците од четврто одделение.

Денеска во официјална посета на Република Македонија ќе престојува претседателот на Владата на Република Србија, Александар Вучиќ. За време на движењето на колоната возила под придружба ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќај што подразбира апсолутен приоритет на минување низ сите сообраќајници поради што од сообраќајната полиција апелираат до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ќе бидат давани од страна на полициските службеници, а веднаш по поминување на колоната возила под придружба ќе бидат преземани мерки за целосно нормализирање на сообраќајот.