Викендов 42 сообраќајки во Скопје, три лица потешко повредени

Сообраќајка во Киела Вода, едено лице повредено
Сообраќајка во Киела Вода, едено лице повредено

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на СВР Скопје се случиле вкупно 42 сообраќајни незгоди. Во три од нив потешко се повредени три лица, во 17 со полесни повреди се здобиле 34 лица, а 19 сообраќајки поминале само со материјална штета.

Како што информира МВР, во петокот сообраќајната полиција извршила увид на 18 сообраќајни незгоди, од кои во една потешко е повредено едно лице, во седум полесно се повредени 16 лица, а седум поминале само со материјална штета.

Во саботата извршен е увид во 14 сообраќајни незгоди. Во една од нив едно лице е потешко повредено, а во седум со полесни повреди се здобиле 13 лица. Во шест е причинета само материјална штета.

Вчера во Скопје е извршен увид на 18 сообраќајки, од кои во една потешко е повредено едно лице, во седум полесно се повредени 16 лица, а седум сообраќајки минале со материјална штета.

Викендов полицијата откри и санкционира седум возачи кои не ги почитувале ограничувањата на движење на возилата, 10 возачи што го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, девет возачи кои поминале на црвено светло, еден возач за неправилно претекнување, како и 20 возачи што го управувале возилото без возачка дозвола или нерегистрирано. Биле затекнати и 73 непрописно паркирано возило.

Од МВР информираат и дека со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети се 65 возила.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.