Викендов четврта авиодезинфекција во Скопје

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека викендов, 9-ти и 10-ти август, во периодот од 5.30 до 8 часот, ќе се изврши четвртата авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на Скопје.

Четвртата, пак, дезинфекција од земја ќе се спроведе од 11-ти до 15-ти август во периодот од 23 до 3 часот наутро.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестичната дезинсекција.