Викендов идеално време за прошетки

Стабилно и суво време не очекува во текот на двата дена од викендот што е пред нас. Недела во глобала ќе биде и потопла и нешто посончева од сабота.

Во источниот дел од земјата во сабота се очекува бешто поголема облачност, а во однос на денешниот ден ќе биде потопло.

Максималната температура в сабота долж повардарието ќе биде во границите од 30°С до 33°С а низ останатите краишта помеѓу 25°С и 29°С. Недела ќе биде потопла, но неосетно, само за околу 1 целзиусов степен.

Имајќи в предвид дека наредната недела очекуваме позначителна промена на времето, овој викенд не е на одмет да се искористи за малку релаксација на отворено.

Извор: МетеоПро

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.