Викендов изменет сообраќаен режим на булевар Србија

Сообраќајот на булеварот Србија, денеска и утре,  ќе се регулира со времена измена на режимот поради изградба на фекална канализација до населеното место Сопиште и локалитетот „Сончев град“.

Времено ќе биде изменет режимот на движење на булеварот Србија, кај влезно-излезната улица на бензинската пумпа „Макпетрол“, којашто се наоѓа на десната страна на булеварот Србија во насока кон булеварот Јане Сандански.

Учесниците во сообраќајот треба да ја почитуваат времено поставената сигнализација и да го приспособат возењето согласно со времената измена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.