Викендов ќе се одржи 43. Галичка свадба

Нај­поз­на­та­та свад­ба во Ма­ке­до­ни­ја е га­лич­ка­та, ко­ја го­ди­на­ва по 43. пат ќе се одр­жи на 16 и на 17 ју­ли, а за  но­си­ја­та на га­ли­чан­ки­те се ве­ли де­ка е ед­на од нај­у­ни­кат­ни­те и нај­поз­на­ти во свет­ски рам­ки.

Ви­стин­ски рај за очи­те е не­ве­стин­ска­та но­си­ја за га­лич­ка­та свад­ба. Впе­чат­ли­ви бои, ср­ма, ка­ди­фе, пре­у­бав на­кит ја кра­сат га­лич­ка­та не­ве­ста, ко­ја гор­до го но­си еле­кот из­ве­зен со ср­ма и укра­сен со сре­бре­ни коп­чи­ња.

За раз­ли­ка од по­ра­но, ко­га на Пе­тров­ден се скло­пу­ва­ле и по­ве­ќе од 40 бра­ка, де­нес свад­ба­та има по­ве­ќе кул­тур­но зна­че­ње и е еден вид кул­тур­на ма­ни­фе­ста­ци­ја.

Га­лич­ник де­нес жи­вее од мај до октм­ври и во не­го пре­сто­ју­ва­ат најм­но­гу пен­зи­о­не­ри со сво­и­те вну­ци. Но, за Га­лич­ка­та свад­ба се­ко­гаш е пре­пол­но и се ба­ра место по­ве­ќе.

galicka-2-

Сан­дра Стан­ко­виќ и Але­ксан­дар Ри­сте­ски се го­ди­наш­ни­те мла­ден­ци на 43. из­да­ние на Га­лич­ка свад­ба, ко­ја ќе се одр­жи на 16 и на 17 ју­ли. Свад­ба­та во­о­би­ча­е­но е на Пе­тров­ден, на 12 ју­ли, но оваа го­ди­на се по­ме­сту­ва за ви­кен­дот по Пе­тров­ден.

Оби­ча­и­те поч­ну­ва­ат в са­бо­та поп­лад­не, ко­га со та­па­ни и со зур­ли се пре­че­ку­ва­ат го­сти­те. Се пе­ат га­лич­ки свад­бар­ски пес­ни, се игра­ат „Све­кр­ви­но оро“ и „Те­шко­то“ на чеш­ма­та „Упи­ја“. Се ки­ти мла­до­же­не­цот, се ре­ди ба­јра­кот, не­ве­ста­та оди по во­да. Со во­да од два ѓу­ма до­ма си ја мие ко­са­та и овој оби­чај се ви­ка пос­лед­но мај­ки­но ми­е­ње. След­ни­от ден, ра­но на­у­тро се ка­нат мр­тви­те, по­тоа и ку­мот. Се бри­чи зе­тот на сре­тсе­ло и по­тоа се трг­ну­ва по не­ве­ста­та. Таа го че­ка во ку­ќа­та и пре­ку пр­сте­нот го гле­да и ве­ли „Низ пр­стен те гле­да, в ср­це да ти вле­за“. Сле­ду­ва да­ру­ва­ње­то на не­ве­ста­та, ка­чу­ва­ње­то на коњ и то­ва­ре­ње­то на ков­че­зи­те со неј­зи­на­та ру­ба. Све­кр­ва­та ја пре­че­ку­ва со си­то, по­га­ча и со бо­кал ви­но и таа вле­гу­ва во но­ви­от дом.

galicka

И годинава, Пивара Скопје и нејзините брендoви се нераскинлив дел од „Галичка свадба“. За да може оваа уникатна традиција да продолжи, Пивара Скопје ја обезбеди неопходната поддршка и со тоа го потврди своето партнерство како гаранција за успешно одржување на оваа значајна културна манифестација и на нејзината единственост и неповторливост.