Викендов ќе се прска против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека претстојниов викенд ќе почне вториот наврат од авионската и  од терестричната дезинсекција во 2016 година  против комарци на подрачјето на град Скопје,  односно:

  1. Вториот наврат на аеросолната дезинсекција (авионска) во 2016 година, на подрачјето на Град Скопје, против комарци, ќе се одвива на 23.04.2016 (сабота) и на 24.04.2016 (недела), во период од 05.30 до 10 часот.
  1. Вториот наврат на аеросолната дезинсекција (терестрична) во 2016 година, на подрачјето на Град Скопје, против комарци, ќе се одвива во деновите од 24.04.2016 до 28.04.2016 (од недела до четврток), во период од 23 до 04 часот, наредниот ден.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекцијата против комарци ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и соодветната терестрична дезинсекција.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.