Викендов ќе ви треба чадор: Очекувајте пад на температурите

Викендов ќе ви треба чадор. Во наредните денови Македонија ќе биде под влијание на циклонска циркулација која ќе условува локални врнежи од дожд а поради продорот на поладна воздушна маса од север и пад на максималните температури.

Во сабота умерено облачно со сончеви периоди, попладне и навечер во северните и источните предели со врнежи од дожд.

Температурите ќе се движат од 15 до 24 степени.

Во недела и понеделник не очекува умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд.

Температурите ќе бидат во опаѓање и во недела ќе се движат од 11 до 20 степени, а во понеделник од 9 до 18 степени. Во понеделник во утринските и претпладневните часови врнежите ќе престануваат и во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви и постудено со максимални температури од 6 до 15 степени.

Во текот на денешниот ден, претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло, попладне зголемување на облачноста и ќе преовладува умерено облачно време. Ќе дува доумерен југоисточен и југозападен ветер кој ќе биде посилен во западните предели, а ќе услови и повисоки максимални температури кои ќе движат во интрвал од 17 до 26 степени. УВ индексот ќе има вредност 6, а воздушниот притисок ќе биде во опаѓање.

Во Скопје во петок по свежото утро во претпладневните часови ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Попладне зголемување на облачноста. Утринската температура од 4 степени, а максималната дневна ќе достигне до 24 степени.