Викендов ќе се прска против комарци

Градот Скопје ги известува граѓаните дека петтиот наврат од авионската и терестричната дезинсекција во 2014 година, против возрасни форми на комарци на подрачјето на Град Скопје, ќе започне на 12 септември- авионско и 13 септември- терестрично.

Петтиот наврат на аеросолната дезинсекција (авионска) во 2014 година, на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива во петок и сабота, во период од 05.30 до 08.00 часот.

Петтиот наврат на аеросолната дезинсекција (терестрична) во 2014 година, на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива во деновите од 13.09.2014 до 17.09.2014 (од сабота до среда), во период од 23.00 до 04.00  часот, наредниот ден.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.