Викендов ќе се прска против комарци

Првиот наврат на аеросолната дезинсекција (авионска) на подрачјето на град Скопје, против комарци ќе се одвива во петок и сабота  во период од 05.30 до 8 часот.
Првиот наврат на аеросолната дезинсекција (тересртична) на подрачјето на град Скопје, против комарци ќе се реализира од сабота до среда, во период од 23 до 4 часот, следниот ден.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Градот Скопје ги  апелира пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.