Општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот на патиштата и СВР Охрид, активно ќе се вклучат во организацијата на втората масовна “Оff Road” средба, што викендов ќе се одржи во Охридскиот регион.
Настанот, што ќе се реализира на први и втори јули годинава, е во организација на здружението „Оff Road Ohrid“, ќе има 350 учесници, 200 теренски OFF Road возила, 40 крос мотори и 20 четириточкаши од Македонија, Словачка, Полска како и од соседните земји.
Програмата предвидува дводневно патување од истражувачко – спортски – туристички карактерма целта е претставување и промовирање на природните убавини и традиционалните производи на Охридскиот регион.
Турнејата е планирана на 01. и 02 јули од Oхрид – с.Лакочереј – с.Сирула – с.Лешани – манастир Св. Илија – Плаќенска планина –Мазатар – с.Куратица – с.Расино – с.Вапила – с.Лакочереј – с.Лескоец – Охрид а кампувањето е во кампот “АС”-Струга. Турнејата ќе биде организирана според сите законски прописи како и со потребната логистика неопходна за нејзино успешно одржување.
Стартот на “Оff Road” средбата е во сабота први јули со почеток во 9 часот од платото пред градското пристаниште откако претходно ќе се изврши технички прием на возилата и делењето на стартните броеви. Во недела, втори јули, во атарот на селото Лакочереј, ќе се одржи трка со теренски возила.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.