Викендов не очекува вистинска пролет – уживајте!

Вистинска пролет и тоа во месец декември не очекува за време на викендов.

Метеоролозите најавуваат сончеви денови и затлопување.

Вистински убав ден се очекува денеска. Постои мала веројатност за сосема слаба котлинска магла наутро, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Ветерот ќе биде сосема слаб, а ќе дува претежно од југ. Минималната температура ќе има вредност од -3°С до 2°С низ котлините. Дневниот максимум на температурата ќе има вредност околу 9°С во поголем дел од котлинита, а во јужниот регион истиот ќе достигне вредности и малку над 10°С.

Во недела се очекува мала до умерена облачност, но со повеќе сончеви периоди. И утрото и денот ќе бидат потопли од сабота, но само за околу 1°С. Па така максималната температура ќе има вредност околу 10°С во поголем дел од земјата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.