Викендов не очекува затоплување

Викендов ќе има значителен пораст на температурите, што ќе услови снежната покривка да се топи.

Сабота во североисточните делови, вклучувајќи го и Скопското подрачје, ќе има услови за појава на слаб дожд.

Во најголем дел од земјава ќе се задржи суво со умерена до значителна облачност, а во недела ќе биде сончево со мала до умерена облачност и релативно топло со дневна температура меѓу 7 и 15 степени.

Во недела кон крајот на денот ќе потпаднеме под влијание на нов влажен бран, кој ќе предизвика најпрво врнежи од дожд, а овие врнежи во понеделник на повеќето места ќе преминуваат во врнежи од снег, проследени со засилен северен ветер и нагло опаѓање на температурата.

Се очекува формирање на нова снежна покривка, особено на планините во западните делови.
Од вторник повторно следува стабилизација на времето.