Викендов не очекува затоплување

За време на викендот што следи не очекува претежно сончево време. Во утринските часови ќе постојат услови за релативно краткотрајна ниска облачност низ дел од котлините.

Речиси целосно ведро време се очекува на планините. Ветерот и двата дена ќе биде слаб и претежно северен.

Максималната температура во сабота ќе достигне вредност помеѓу 14 до 16°С.

Недела, во најголем дел од земјата, ќе биде потопло за околу 1°С во однос на сабота.

Уживајте во викендот и искористете го времето за прошетка во природа.