Викендов привремен сообраќаен режим на булеварот „Борис Трајковски“

режим

Град Скопје информира дека привремениот сообраќаен режим е поради тоа што денеска и утре ќе се изведуваат прекопи за поставување попречни инсталациии на булеварот „Борис Трајковски“.

Прекопите ќе се изведуваат пред втората капија на фабриката „ОХИС“ и кај семафорот во населбата Пинтија, од 8 до 16 часот.

Градските власти апелираат сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на коловозот.