Викендов прскање против комарци

На подрачјето на Скопје ќе се изврши второто прскање против возрасни форми на комарци во 2014 година, од воздух и од земја.

Авионското прскање ќе се изврши денеска и утре  од 5.30 до 8 часот. Прскањето од земја ќе се одвива од 15 до 19 јуни, од 23 до 3 часот, наредниот ден.

„ Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на авионската дезинсекција, прскањето ќе се изврши првиот нареден ден, во истиот термин. Во согласност со тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција“, информира Град Скопје.

Градските власти ги информираат пчеларите на време да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.