Викендов рекордни 34 сообраќајки и 22 повредени

Сообраќајната полиција на 8 април, петок, изврши увид на 14 сообраќајни незгоди, од кои седум се со последица материјална штета и седум се со телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобиле 10 лица.

Како што информира за МИА, Драган М. Велјаноски од СВР – Скопје, на 9 април, сабота, извршен е увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди, од кои седум се со последица материјална штета и четири се со последица телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобиле четири лица.

Вчера, 10 април, извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди. Пет од нив се со последица материјална штета и четири се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле осум лица.

Во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција, откриени се поголем број на прекршоци. Санкционирани се 129 возачи кои со возилото се движеле со брзина поголема од дозволената, 32 возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај. Седум возачи поминале на црвено светло на семафор и 19 возачи не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото.

Со помош на специјалното возило пајак, отстранети се 99 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.